Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕ ЗНАМ КАДЕ Е ГРУБИ, НО СИГУРЕН СУМ ДЕКА БИ СЕ ВРАТИЛ ВО ЗЕМЈАВА КОГА БИ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ СЕ СООЧИ СО НЕСЕЛЕКТИВНА ПРАВДА“  – Крешник Бектеши во Бизнис муабети на Фактор
Економија

„НЕ ЗНАМ КАДЕ Е ГРУБИ, НО СИГУРЕН СУМ ДЕКА БИ СЕ ВРАТИЛ ВО ЗЕМЈАВА КОГА БИ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ СЕ СООЧИ СО НЕСЕЛЕКТИВНА ПРАВДА“ – Крешник Бектеши во Бизнис муабети на Фактор

15/03/2025

AA

Нашата држава е единствената држава во регионот која има инфлација над 5 проценти, во време кога инфлацијата е спласната на глобално ниво, но и на европско ниво, и е намалена во државите со кои ние имаме најголема трговска размена.

За ова, но и за многу други интересни и пикантни теми зборува поранешниот министер за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, во поткастот „Бизнис муабети“ на порталот Фактор. 

„Ако зборуваме за увозна инфлација, ако зборуваме за зависност од одредени производи, тогаш треба да направиме споредба со тие држави во ЕУ со кои имаме најголема трговска размена за овие производи. Таму во континуитет има намалување на инфлацијата, а се случува спротивното во нашата држава“, објаснува Бектеши.

Имавте забелешки, знаете, за она играњето фудбал во канцеларија, и дали имало матни зделки впо претходната владејачка коалиција, прашува водителот Мишко Иванов, а на ова, Крешник Бектеши го дава следниов одговор.

„Знаете, играњето фудбалче не било со намера да навреди некого во нашата држава. И јас сум кажал и претходно дека ако одреден граѓанин се чувствувал навреден, јас и јавно се извинувам, и во име на моите колеги, и во мое лично име. Тоа беше нешто што го правеа и одредени други луѓе што ја посетија таа канцеларија. И вие знаете. Но, тоа се користеше од страна на тогашната опозиција се со цел дса се направи некоја си атмосфера дека еве, ‚ДУИ ни ја презеде државата, Албанците ни ја презедоа државата, а треба да се знае дека Албанците ни тогаш, ни сега, никому ништо не му зеле“.

Иванов на Бектеши му го поставува и прашањето дали ДУИ во времне на заедничкото владеење го уценувале СДСМ, на што поранешниот министер за економија одговара.

„Никако, значи со Министерството за економија, со Министерството за политички систем, Министерството за финансии и Министерството за образование. Зошто не се отвора темата, господинот Арбен Таравари, со кого коалицираше, со СДСМ. Зошто тогаш и за нивните министерски места, за кои ние сме немале никаква врска, бидејќи тие преговарале со мандатарот, ги ставаат на товар на ДУИ, или како уцена дека ДУИ најверојатно уценувале. Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива преговорите ги правеа со мандатарот, а не со нас“, објаснува Бектеши. 

Иванов прашува дали Бектеши има комуникација и дали знае каде во моментов се наоѓа Артан Груби, кој заврши на американската црна листа, на што тој одговара дека лично со него нема комуникација. 

„Немам информации каде е, но знаејќи го господинот Груби, јас сум убеден дека ако тој оцени дека ќе има неселективна правда, би дошол и би се соочил со правдата. Кои се причините и зошто не доаѓа, немам никаква информација, бидејќи немам комуникација со господинот Груби“, вели Бектеши. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026
Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на

10/06/2026
Македонија

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце –

10/06/2026
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
Македонија

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за

09/06/2026
Македонија

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно

09/06/2026
Македонија

Си ја пријавил дека ги оставала децата да спијат во

09/06/2026
Македонија

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43681
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026

Градот Скопје ги информира граѓаните дека утре во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на возило

10/06/2026

На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце – поднесена кривична пријава

10/06/2026

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy