
НЕ ЗАСТАНАЛ, УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „АУДИ“, БЕГАЛ Уапсен 28-годишник од Порој

Млад маж од тетовско Порој завршил во полициска станица откако на кружен тек во центарот на Тетово со своето возило удрил во полициски службеник и потоа се обидел да избега.
Министерството за внатрешни работи информира дека на 19 декември околу 12:50 часот, кај крстосницата на улиците Илинденска и Маршал Тито, 28-годишниот Е.А. од село Порој, управувајќи „ауди“ со тетовски регистерски ознаки, не застанал на знак даден од сообраќаец и го удрил полицискиот службеник кој бил на должност.
По ударот, возачот не застанал, туку продолжил во бегство. По кратка потрага, полицијата го пронашла и го уапсила.
На повредениот полицаец во болницата во Тетово му биле констатирани телесни повреди.
.

