
Не заборавајте чадор! – Денеска променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степен.