Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не сме виновни што Слупчане не плаќа струја – жителите на Оризаре бараат да се обезбеди струја за селото
Македонија

Не сме виновни што Слупчане не плаќа струја – жителите на Оризаре бараат да се обезбеди струја за селото

27/07/2023

AA

Жителите од Оризаре велат дека не се виновни зошто заради други проблеми немаат електрична енергија. Тие бараат да се одвојат со други електрични столбови за да не имаат проблеми.

-Шеесет и две години имам и досега немам видено вакво нешто, дојдовме да најдеме заедничко решение, вели жител на Оризаре.

Дел од нив пак велат дека немаат ништо со Слупчане, и бараат од ЕВН да им се реши нивното прашање и проблемот со електрична енергија за која велат дека си ја плаќаат. Бараат од компанијата да најде начин и дистрибуцијата до нивното село оди преку други села, а не преку Слупчане. Жителите кажаа дека мирно ќе протестираат сè додека не им се реши проблемот во нивното село.

Откако групата жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго – центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.

Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја.

Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy