Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СЕКАДЕ СЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ: Граѓаните негодуваат, правилата не важат за сите – Институциите тврдат: Контролите се прават неселективно
Економија

НЕ СЕКАДЕ СЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ: Граѓаните негодуваат, правилата не важат за сите – Институциите тврдат: Контролите се прават неселективно

23/11/2023

AA

Двојни аршини или
двојни правила. Голем број граѓани преку социјалните мрежи, но и воопшто во
меѓусебна комуникација постојано се жалат дека во нашата земја правилата не
важат еднакво за сите граѓани. Голем број граѓани сведочат дека при набавка на
разни производи фискални сметки се добиваат само во средини каде доминира
македонско или мешано население, но дека во региони како популарно наречената
Пластичаркса улица во Скопје, во населбите Чаир и Бутел исто така во Скопје, но
и Тетово и Гостивар набавките се прават без фискални сметки, а доколку побарате
може да добиете парагон блок.

На оваа тема дебатираа
голем број граѓани на социјалните мрежи што не поттикна да прашаме во Управата
за јавни приходи како се одвиваат процедурите за контрола на компаниите во
нашата земја. Дали има региони каде помалку се котролира, или пак региони каде
помалку се почитуваат законските одредби и што преземаат за надминување на
чуството меѓу граѓаните дека правилата повеќе се применуваат од одредени
региони, односно дека правилата не се применуваат секаде согласно законот.

Од УЈП посочуваат
дека законите за нив се исти и бараат примена на истите во сите деловни
субјекти кои ги посетуваат

– 
Управата за јавни приходи континуирано и интензивно
спроведува  контроли согласно Законот за регистрирање на готовинските
плаќања (ЗРГП) низ целата
територија на државата. Пристапот е целосно објективен и неселективен.  Согласно
расположливите човечки
и материјални 
капацитети, се стремиме кон рамномерна територијална опфатеност со посебен
фокус токму кон региони и дејности за кои постојат објективни показатели
дека се  даночно „недисциплинирани“ без селекција по етничка или било
каква друга припадност – укажуваат од Управата.

Од
оваа институција за „Фактор“ потенцираат дека потврда за нивната неселективна
работа говори и фактот што УЈП  навремено и транспарентно ја известува
јавноста преку прес конференции и редовни брифинзи за новинари  за бројот
на спроведени контроли, утврдени неправилности, опфатот на даночни обврзници и
територијалната застапеност.

– 
Како што беше соопштено на последниот брифинг за новинари кој се одржа на 9 ноември 2023 година во периодот од 01.01.2023-30.10.2023
година, извршени се вкупно 3.712 надворешни контроли по Законот за регистрирање
на готовински плаќања  од кои 1.948 се со констатирани
неправилности. Од нив на територија на Регионалната дирекција Тетово
(Тетово Гостивар, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Маврово ) во посочениот период
беа извршени вкупно 531 контрола од кои 343 се со констатирани неправилности –
посочуваат од УЈП.

Од таму додаваат дека во координирана акција со МВР, на
територија на Тетово извршени се  контроли по основ на ЗРГП и кај
приредувачи на  игри на среќа при што се  констатирани неправилности,
како и извршени контроли  кај деловни субјекти во Арачиново и на
пластичарска улица во Скопје

– 
Управата за јавни приходи контролите по ЗРГП ги врши
на редовна дневна основа, по пријави и претставки  на граѓани, како и во
координирани заеднички контроли со други органи. Оттука, сметаме дека перцепцијата
на граѓаните дека во одредени региони помалку се казнува е субјективна
и дека чувството на нееднаквост  се темели можеби повеќе на
индивидуална засегнатост на  даночни обврзници на кои им била
извршена контрола и/или на кои евентуално им била изречена глоба за непочитување
на законот – посочуваат од УЈП.

Од
оваа инситуција укажуваат дека во насока на сузбивање на сивата економија 
важна е да се спомене и соработката со Инспекцискиот совет. Доколку при
спроведување на контролите по Законот за регистрирање на готовинските
плаќања , овластените службени лица на УЈП констатираат нерегистрирано
вршење на дејност, за истото се известува Инспекцискиот совет кој понатаму
ја проследува на постапување до Државниот пазарен инспекторат.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46677
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени и уплати за комуналии и

09/11/2026

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на Алта банка АД Битола кои имаат платежни сметки во банката, а не

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот, јавноста бара целосна истрага

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од Движењето за алузиите за Врање

09/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy