
НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗНОСОТ НА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Германците се жалат дека добиваат малку пари
На анкета примателите на социјална помош во Германија се пожалиле дека сумата не е доволна ниту за храна.
Сумата што децата и младите, невработените или лицата со ниски приходи ја добиваат од државата не е доволна за здрава исхрана, изјавиле 69 проценти од испитаниците кои примаат помош.
Повеќе од една третина од корисниците изјавиле дека се откажуваат од храна за да финансираат други основни потреби. За доброто на своите деца, 54 проценти од родителите се откажуваат од храна.
Здружението Санкционсфрај, кое ја нарача студијата, ја критикуваше министерката за труд Бербел Бас.
Бас претходно најави мерки против злоупотреба на социјалната помош.
„Експлоататорските структури носат луѓе од други европски земји во Германија врз основа на мини-договори за работа“, рече таа во едно интервју.
Злоупотребата на социјалната помош не е структурен проблем, според основачот на здружението, Хелена Штајнхаус.
Општо земено, според студијата, 72 проценти од испитаниците велат дека месечниот износ од 563 евра не е доволен за достоинствен живот.
„Огромното мнозинство сака да работи, но едвај имаат надеж дека ќе најдат работа што ќе им ја обезбеди егзистенцијата“, истакна здружението.
Дури 42 проценти од испитаниците се срамат да добијат помош, а 72 проценти се плашат од дополнително заострување на условите.
foto freepik.com
/faktor.mk