Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ: Курти има три услови
Регион

НЕ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ: Курти има три услови

26/06/2024

AA

Косовскиот премиер Албин Курти поставил три услови за средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека денеска Косово не било подготвено за трилатерална средба и дека поставило три услови за тоа да се случи, а од друга страна Србија била подготвена за средбата, јави дописникот на МИА од Белград.

Борел изјави дека Курти побарал „формализација на основниот договор, да се отфрли писмото во кое поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, кон средината на декември минатата година изрази резервираност кои се однесуваат на обврските кои произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Република Косово, вклучително и анексот за спроведување и Милан Радоичиќ да им се предаде на правосудните органи во Приштина“.

„Србија не беше подготвена целосно да ги исполни барањата на Косово, повикувајќи се на уставните ограничувања“, рече Борел. 

Српските власти се спремни да разговараат за компромис со Приштина. 

Вучиќ изјави дека во Брисел имал соодветни билатерални средби со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, но дека немало билатерална средба со косовскиот премиер Албин Курти, бидејќи Курти не сакал да се сретне со него.

„Коректна средба со Борел и Лајчак. Втор состанок немало со Курти, бидејќи Курти не сакал или не смеел да се сретне. Три пати се враќав на состанокот, ми ги пренесоа неговите пораки, па јас одговорив“, изјави Вучиќ пред новинарите во Брисел.

На прашањето што е спорно, зошто премиерот на Косово ја одби билатералната средба, Вучиќ одговори: „Ништо, не сака човекот да ме види“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy