Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕ СЕ СРАМАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ВО ЖИВОТОТ СУМ ИМАЛ И ПРОПАЃАЊА, НО НИКОМУ НЕ СУМ СЕ ЖАЛЕЛ“ – популарниот Бобо Дајнерс ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
Економија

„НЕ СЕ СРАМАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ВО ЖИВОТОТ СУМ ИМАЛ И ПРОПАЃАЊА, НО НИКОМУ НЕ СУМ СЕ ЖАЛЕЛ“ – популарниот Бобо Дајнерс ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

12/06/2024

AA

Мазлкумина во Македонија не го познаваат Божидар Јанковски, долгогодишен директор, а од пред неколку години и целосен сопственик на Дајнерс Клуб Интернационал. Покрај тоа што е исклучително популарен и успешен бизнисмен, познатиот Бобо Дајнерс важи за еден од најурбаните, но и најдобро облечените скопски ликови.

Ексклузивно за поткастот „Бизнис муабети“, кој се емитува на нашиот портал Фактор, Јанковски ја раскажа својата деловна, но и животна приказна, во која открива многу интересни детали. На пример, дека имал и тешки моменти во животот, а одредени бизнис и пропаднале, но тој продолжувал понатаму. 

Откако тој е во „Дајнерс“, повеќе од 20 години, Бобо открива дека компанијата постојано работи профитабилно. 

„За промет е беспредметно да се зборува, но можеме да зборуваме за профит. Дајнерс клуб, откога сум јас, нема година која компанијата не ја завршила со профит. Некогаш со поголем, некогаш со помал. Профитите се движат од 100 илјади, 200, 300, па до 400 илјади евра годишно, и така натаму“, открива овој бизнисмен.

Тој не се срами да каже дека имал и многу тешки моменти, во кои во прашање била доведена дури и егзистенцијата. 

„Јас имам една биографија, според која неколку пати сум пропаѓал. И јас не се срамам од тоа. Не се срамам од тоа да кажам дека сум имал свои тешки моменти. И не сакам да звучи ова дека се жалам, но ми била доведена во прашање егзистенција. И на кого тогаш да се жалам. На татко ми, кој бил во Филхармонија, или, пак, на мајка ми, која работеше како новинар, а потоа и како службеник во министерство. И, што да им кажам – еј, види, ни пропадна бизнисот, сега јас имам проблем, и сега што ќе правиме“, објаснува Јанковски.

На прашањето на нашиот водител Мишко Иванов колку бизниси му имаат пропаднато, Бобо Дајнерс одговара дека тоа биле неколку.

„Неколку ми успеаја, неколку ми пропаднаа, некои ги напуштив. Тоа не е ништо страшно“, вели Јанковски. 

А, на прашањето како се кревал од овие тешки моменти, познатиот бизнисмен одговорот го започнува со „Ништо, ќе станеш наутро…“.

За повеќе детали ќе го погледнете нашиот поткаст „Бизнис муабети“ за неколку дена, кој се емитува на порталот Фактор, и тоа секој петок, само за Вас, почитувани читатели. 

  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy