
Не се само фудбалерите – и најдобриот германски судија ги скина лигаментите
Брих се струполи за време на мечот и го напушти теренот, а прегледите извршени денеска покажале дека се работи за скинати вкрстени лигаменти на коленото. Интересно е тоа што натпреварот во Франкфурт требаше да биде историски за него бидејќи стана судија со најмногу настапи во постоењето на Бундеслигата (344), а сепак на теренот издржа само 32 минути.
Нема да биде изненадување ако овој натпревар биде и последен во неговата кариера бидејќи Брих во август 2024 ќе наполни 48 години, горна граница за судење во Бундеслигата. По професија, тој е адвокат и нема пречки да се посвети на неа во иднина.
