Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не се работи за занемарување на дете“ – вели Тренчевска за деветмесечното дете со туберкулоза
Македонија

„Не се работи за занемарување на дете“ – вели Тренчевска за деветмесечното дете со туберкулоза

01/03/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести и посочи оти по направениот увид било потврдено дека не се евидентирани во Центарот за социјална работа.

Таа рече дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и потоа ќе ги известат медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

-Центарот за социјална работа навреме реагира. Не се утврдени никакви елементи занемарување кај детето во Куманово. Веднаш е направен увид во документацијата, дали се приматели на некакво право, дали се евидентирани во Центарот. Во Центарот во Куманово не се евидентирани. Мајката прима надоместок за трето дете, меѓутоа во периодот кога се родило детето таа е со лична карта од Шуто Оризари и го прима преку Центарот за социјални работи во Скопје. Вчера излегол веднаш на терен стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Вчера родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено, рече министерката на конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза сенка која обесхрабрува“ по повод започнување на караван со цел зајакнување на жените „Гласна и храбра“.

Тренчевска потенцира дека првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување. Но, како што рече таа, ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и ќе ги известиме медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

Тренчевска информира дека директорката на Центарот за социјална работа е во комуникација со директорката на болницата и вчера ми јавиле дека се во добра состојба.

-Ние сме тука да помогнеме преку центрите. Да, нашата помош оди преку центрите. Денеска ќе го направат увидот и се што треба дополнително ќе направиме. Семејството не е примател затоа што таткото работи и е во редовен работен однос. Како што реков, само мајката е примател на надоместок за трето дете, но од увидот ќе видиме и дали им треба и некаква дополнителна помош, дали можеме да ги вклучиме дополнително во некое право – детско или социјална заштита, рече министерката Тренчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy