Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не се грижам за Ѓоковиќ – формата е минлива, но класата е вечна!“
Спорт

„Не се грижам за Ѓоковиќ – формата е минлива, но класата е вечна!“

28/05/2024

AA

Новак Ѓоковиќ вечерва против Пјер-Иже Ербер (Франција) ќе ја започне мисијата за одбрана на трофејот на Ролан Гарос, а во таа насока британската легенда Тим Хенман во интервју за „Еуроспорт“ потенцира дека е сигурен дека на овој гренслем ќе видиме „сосема поинаква верзија“ на српскиот тенисер.

Тој потенцира дека нема простор за паника без разлика што најдобриот на светот не игра добро оваа година.

„Ова е класичен случај на изреката ‘формата е привремена, а класата е вечна’. Со тоа искуство, Ѓоковиќ не мора да се грижи што се случуваше во изминатите четири-пет месеци, може само да се концентрира на првиот меч. Сè може да кликне за него во само неколку сета. Сака предизвици кога се бори со проблеми, кога публиката е против него. Тогаш неговиот фокус, неговата концентрација е уште поголема“, изјави Тим.

Српскиот ас годинава не стигна до финале на ниту едно натпреварување, а во претстојниот меч влегува со скор од 14 победи и шест порази од почетокот на сезоната.

„Не ме залажува статистиката пред овој турнир. Тој подобро од кој било знае што е потребно за да се освои гренслем и ако ги помине првите неколку натпревари, тој и понатаму е еден од фаворитите. Новак знае што треба да направи, ќе биде многу концентриран за да го оствари својот план. Имаше периоди кога му го одвлекуваа некои други работи, но мислам дека ќе видиме поинаков Ѓоковиќ“, заврши Хенман.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy