Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не се бираат средства: Кој ќе го добие атрактивниот тендер за универзален снабдувач?
Македонија

Не се бираат средства: Кој ќе го добие атрактивниот тендер за универзален снабдувач?

02/01/2024

AA

Не се бираат средства во обид да се добие атрактивниот тендер за Универзален снабдувач. Јавниот повик за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, уште не е завршен, но во медиумите се шират дезинформации за останатите компании кои изразија интерес за учество на тендерот, пишува А1он.

Во насока да се дискредитира еден од најсериозните учесниците на јавниот повик- ЕДС, се пласираат информации дека од компанијата побарале измени во јавниот повик за Универзален снабдувач. Информацијата беше експресно демантирана од раководството на ЕДС, а од компанијата уште на почетокот на јавниот повик информираа дека ќе понудат далеку пониска маржа од сегашната, што пак ќе значи и пониска цена на електрична енергија за граѓаните.

„Не е точна информацијата дека сме барале било какви измени во условите на повикот. ЕДС планира да учествува на повикот, и планира да се натпреварува со исклучително конкурентна понуда, односно значително намалена маржа, што би резултирало со пониски сметки за крајните корисници. Поради правните ограничувања, не сме во можност да ја споделиме содржината на нашата жалба до комисијата, но можеме да споделиме дека во основа, таа се однесува на можноста повикот да биде незаконски ограничувачки, односно да го наруши принципот на слободна пазарна конкуренција, особено во делот на активата на компаниите. Како што и е познато на јавноста, целосен сопственик на ЕДС е ППЦ, фирма која има годишен приход од 12 милијарди евра, и актива со која повеќе од 10 пати се задоволени условите на повикот. Согласно членот 7 од Законот за енергетика, а во врска со членот 96 од Законот за јавните набавки, во вакви повици, дозволено е финансиската состојба на локалната компанија да биде поткрепена од мајката компанија, со што би се исполниле сите услови во повикот.

Оттаму, нашиот интерес единствено се однесува за правилна примена на материјалното право при спроведувањето на повикот. Сите правила на пазарната економија велат дека конкуренцијата во било која област конечно носи поволности за крајните потрошувачи, па така, исклучивоста или ограничувањето на конкуренцијата во овој повик, или погрешната примена на законските прописи, само би ја ограничило здравата конкуренција, спротивно на стандардите на ЕУ, а со тоа би спречила намалување на цената на електричната енергија за крајните корисници, стои во дописот на ЕДС до јавноста.

Дали конкурентната понуда од ЕДС за многу пониска маржа од сегашната која е 11, 5 проценти, го загрозува монополот што еден снабдувач го има во делот на снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, па оттаму по секоја цена создава атмосфера да се оневозможи конкурентност на јавниот повик за универзален снабдувач?

Познавачите во енергетскиот сектор во постапката на јавниот повик препознаваат обид да се спречи грчката ЕДС да учествува на тендерот која ќе ја намали маржата на ниво значително во однос на актуелната.

Во еден од условите кои треба да ги исполнуваат компаниите стои дека фирмата треба да има добивка во последните три години. Сопственик на компанијата е регионалниот енергетски гигант Грчки ППС, кој има годишни приходи од близу 11 милијарди евра. Добро упатени извори коментираат дека причина за елиминација од јавниот повик не може да бидат долговите кои државните институции ги имаат кон ЕДС и дека апсурдно е компанијата која всушност ги кредитира државните институции со испорачана, а ненаплатена електрична енергија да биде ставена во неповолна положба.

Јавниот повик за универзален снабдувач за електрична енергија се објави на 11 декември, а ќе трае до 12 – ти јануари. За повикот интерес пројавија неколку фирми, а условите се построги во однос на претходниот од пред пет години.

Извор: A1on.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy