Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, вели првиот човек на ЕДС
Македонија

Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, вели првиот човек на ЕДС

27/12/2023

AA

Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните. Ова го изјави првиот човек на ЕДС, Милтиадес Бабилис во интервју за порталот Фактор, во однос на јавниот повик за избор на нов Универзален снабдувач и инфомациите кои се појавија во јавноста дека владата одлучила тендерот повторно да го добие ЕВН. Од компанијата ЕДС велат дека се комплетно подготвени да учествуваат на тендерот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе имаат конкурентна понуда, со пониска маржа и очекуваат транспарентна постапка. Изборот на нашата компанија за Универзален снабдувач ќе донесе нов квалитет на пазарот и ќе значи сериозна придобивка за домаќинствата, изјави првиот човек на ЕДС.

„Согласно законите за јавни набавки и енергетика зад ЕДС стои корпоративниот углед, но и активата на ППЦ. Како што говорев, станува збор за релативно млад пазар кој што се уште се соочува со почетни предизвици, но очекуваме дека целата постапка за избор на нов универзален снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде транспарентно спроведена, со почитување на начелата за фер конкуренција и дека ќе биде донесена одлука од која што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и значително пониска маржа. Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречува поевтина струја за граѓаните“, изјави Бабилис.

Како компанија, вели Бабилис, успеале успешно да одговорат на предизвиците од минатата година, работат посветено во насока на испорачување врвни услуги за клиентите, но во фокусот на амбициите на компанијата за наредниот период е повикот за универзален снабдувач

„Во фокусот на нашите амбиции за наредниот период е повикот за универзален снабдувач бидејќи сме уверени дека изборот на нашата компанија ќе донесе нов квалитет на пазарот и ќе значи сериозна придобивка за субјектите, односно домаќинствата и малите потрошувачи, кои се снабдуваат со електрична енергија на регулираниот пазар, изјави Бабилис.

Без да звучам претенциозно, вели Бабилис важно е да се знае дека во извесна смисла ЕДС на одреден начин ги субвенционира дел од државните и општински институции, но и целата економија. Токму долговите на струја од страна на јавните претпријатија само кон ЕДС изнесуваат неколку милиони евра. Од компанијата велат дека имаат доволна финансиска моќ да ги заштитат сите останати клиенти кои редовно ги подмируваат своите обврски, секако со поддршка на ППЦ, но апелираат за еднаков третман за сите снабдувачи на електрична енергија.

„Во справувањето со овие проблеми, ЕДС секогаш тежнее да обезбеди соработка со јавните институции и бараме начин да им излеземе пресрет, но секогаш инсистирајќи на взаемна почит. Секако, во една прилика апелиравме до Владата за еднаков третман на сите снабдувачи со електрична енергија бидејќи сведоци сме дека државата интервенираше во повеќе наврати кога јавни институции должеа кон ЕВН, но слична интервенција изостанува кога станува збор за долгови на ист таков вид на претпријатија кон нас или пак кон некој друг од снабдувачите со електрична енергија на слободниот пазар, изјави Бабилис.
Првиот човек на ЕДС во однос на цените на електичната енергија вели дека енергетскиот пазар е променлив и на него влијаат повеќе фактори, но дека анализите говорат за ниво на оптимизам во однос на цените на гасот и електричната енергија во текот на зимата 2023/2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy