
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„За“ гласаа само 20 пратеници, додека 72 беа против, а немаше воздржани.
„Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.