
Не очекува сончево време – температурите до 17 степени
Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има во среда, кога на места ќе бидат пообилни и поројни. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.