
НЕ МУ Е ПРВА ГРЕШКА – шефот на станицата кај Лариса неколку часа пред несреќата погрешно насочил и друг воз
Шефот на железничката станица во Лариса неколку часа пред катастрофалната несреќа на два воза во Грција во кој загинаа 57 лица, го пренасочил и приградскиот воз во Лариса на погрешна патека, објави грчката телевизија „Скај“.
Шефот на станицата се соочува со тешки обвиненија за нарушување во сообраќајот и за тоа дело затворската казна е од десет години до доживотен затвор.
