
„Не можеле да издржат со толку мали плати. Ајдеее…. Па што не си дадат откази? Ионака додека се на власт си отвараат приватни фирми, таму нека си земаат поголеми плати“
„Ги најдоа тефтерчињата што си ги заборави Никола Груевски. Ја применија старата вмровска финта. Најдоа некој адвокат, многу загрижен за платите на функционерите, тој да поднесе претставка во Уставниот суд. Уставните судии итно ја разгледаа претставката. И – нема бегање од зголемени плати. Штом така одлучил Уставниот суд, тоа е закон. Така вели законот, а законот мора да се почитува.
Не можеле да издржат со толку мали плати. Ајдеее…. Па што не си дадат откази? Ионака додека се на власт си отвараат приватни фирми, таму нека си земаат поголеми плати. Ако не им чини државната плата, нека си одат. Ние, како даночни обврзници, толку можеме да ги платиме. За повеќе – нека одат во приватен бизнис, некој може ќе им даде поголема плата. Секој газда би бил среќен со такви кадри како нив. Ем стручни, ем вредни, ем чесни“, пишува новинарот Горан Михајловски во својата неделна колумна
