Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ – Еве во каква состојба е осумгодишното девојче спасено од заробеништвото од сопствениот татко
Регион

НЕ МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ – Еве во каква состојба е осумгодишното девојче спасено од заробеништвото од сопствениот татко

31/03/2023

AA

Состојбата на осумгодишното девојче кое беше пронајдено во заробеништво во стан во Миријево каде што го држел нејзиниот татко Урош Пашајлиќ (37), поради тешката неухранетост и понатаму е лоша. Девојчето тежи само 10 килограми и едвај стои на нозе.

– Девојчето е сместено во установата Тиршова, на рехидратација која и е неопходна поради тешка и долготрајна неухранетост. Исклучително е слаба, малку луѓе имаат контакт со неа, а храната и се дава преку инфузија –  објаснуваат од установата.

Од друга страна, како што пишува Блиц, девојчето е преслабо за нејзините години.

– Таа има осум години и има само 10 килограми. Таа е премногу слаба за нејзината возраст. Не може ни на нозе да застане. Знае да си го каже името и презимето, бара чоколадо, но сето тоа го кажува многу тивко. Изговара одредени зборови и реченици многу неразбирливо или воопшто не знае да ги каже – наведува порталот.

Да потсетиме, како што соопшти претходно заштитникот на граѓаните Зоран Пашалиќ, девојчето не било вакцинирано. Исто така, таа не била ниту пријавена во здравствениот дом „Ѕвездара“.

Случајот со приведеното девојче ја вознемири јавноста во Србија.

Целиот случај е откриен откако И.Л. го пријавила за насилство нејзиниот партнер Урош Пашајлиќ. Таа успеала да му побегне и отишла во полициска станица каде рекла дека Пашајлиќ го чува детето во заробеништво во станот.

Полицијата веднаш излегла на местото и го пронашла девојчето во лоша состојба.

Пашајлиќ вчера беше на распит во Првото основно јавно обвинителство во Белград. На рочиштето тој се бранеше со молчење и во таа прилика изјави дека подолго време користел дрога и алкохол.

По рочиштето, судот му одреди мерка притвор до 30 дена.

Како што беше откриено во текот на истрагата, Пашајлиќ ја држел својата ќерка во заробеништво повеќе од две години.

– Нејзините анализи се под нормалата. Нејзиниот имунолошки систем е многу лош. Таа е дехидрирана и неухранета. Со храната и се воведува постепено, не наеднаш – вели изворот на „Блиц“.

Медиумите објавуваат дека девојчето не може да биде прегледано од хирурзи, бидејќи штом ќе види маж, таа почнува да плаче и да се брани.

– Вика, крева раце како да сака да се брани. Таа го држи за стомак и постојано плаче штом и пријде машко лице. Психолозите ќе работат со неа во наредниот период, ќе треба многу време за да се опорави девојката. Најтешките последици ќе бидат психолошки – наведува нашиот соговорник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy