Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ МИРИСА НА ДОБРО: Претпазливоста на Волстрит трае-мај е клучен за економијата
Економија

НЕ МИРИСА НА ДОБРО: Претпазливоста на Волстрит трае-мај е клучен за економијата

25/04/2023

AA

Во понеделникот на Волстрит се тргуваше внимателно, а берзанските индекси стагнираат додека инвеститорите ги чекаат кварталните деловни резултати од голем број компании, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот. Dow Jones зајакна 0,20 отсто, на 33.875 поени, а S&P 500 зајакна 0,09 отсто, на 4.137 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,29 отсто, на 12.037 поени.

Стагнацијата на индексот е последица на воздржаноста на инвеститорите во пресрет на објавувањето на деловните резултати на голем број големи технолошки компании. Од почетокот на годината цените на акциите во тој сектор силно пораснаа и беа најголемиот поддржувач на растот на Волстрит. Затоа, деловните резултати на компаниите за првиот квартал претставуваат, велат аналитичарите, тест дали овој раст е оправдан.

Технолошките гиганти ги објавуваат финансиските извештаи во наредните денови

Акциите на Мајкрософт вчера беа под притисок додека се чекаа деловните резултати кои технолошкиот гигант ќе ги објави денеска. Од почетокот на годината цената на акциите на Мајкрософт се зголеми за повеќе од 17 отсто, а резултатите во првиот квартал ќе покажат дали е оправдано толку силно зголемување на цената на акцијата.

Во наредните денови финансиските извештаи ќе бидат објавени и од технолошките гиганти, како Amazon.com, Alphabet и Meta Platforms. Од 90 компании од индексот S&P 500, кои досега ги објавија финансиските извештаи, 77 отсто од нив оствариле поголема заработка од очекуваната.

Инфлациските притисоци во САД постепено се намалуваат

Но, очекувањата не се многу светли. Според проценките на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде околу 5 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година. Инвеститорите се исто така претпазливи бидејќи се очекува американската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки на состанокот на почетокот на мај.

Мора да се признае, инфлаторните притисоци во САД постепено се намалуваат, но не доволно, па ФЕД би можел да продолжи да ја затегнува монетарната политика. Проценките на пазарот на пари се повеќе од 90 отсто веројатно дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,02 отсто, на 7.912 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,11 отсто, на 15.863 поени, а париски CAC 0,04 отсто, на 7.573 поени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy