Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на Едровска открива ново име – таа била ангажирана само за паркинг!
Македонија

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на Едровска открива ново име – таа била ангажирана само за паркинг!

02/12/2025

AA

„Во јавноста се создаде погрешен впечаток дека Милка Едровска е креатор на дискотеката. Тоа не е точно. Таа не ја проектираше дискотеката, туку архитектот Виктор Апостолов од Кочани.“

Ова е клучната теза на одбраната на петтообвинетата Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Нејзиниот адвокат тврди дека таа е дипломиран градежен инженер, а не архитект за внатрешно уредување, и дека нејзиниот ангажман бил сосема поинаков од она што го тврди Обвинителството.

„Таа дојде за паркинг, а најде дискотека“ Според одбраната, Едровска била ангажирана од инвеститорот (Дејан Јованов) исклучиво за да изготви сообраќајно решение за паркинг места. „При увид на лице место, Милка констатирала дека деловно-магацинскиот простор веќе е преуреден и адаптиран во дискотека. Таа не е творец на тој простор, туку Виктор Апостолов, според чии скици и цртежи првообвинетиот го уредил просторот,“ истакна бранителот.

Одбраната го прозва Јавното обвинителство дека го знае овој факт, но го игнорира. „Зачудува фактот што иако на обвинителот му било познато дека има фактички проектант (Виктор Апостолов), тој не се јавува ниту како обвинет, ниту како сведок. Затоа ние го предлагаме за сведок,“ рече адвокатот.

Бранителот појасни дека објектот првично бил изграден (1999-2001) за лесна индустрија и никогаш немал дозвола за пренамена во угостителски објект. Едровска, иако не ѝ било побарано, во својот елаборат самоиницијативно додала дел за заштита при работа и пожари, опишувајќи што треба да содржи веќе затекнатиот простор.

(Според Обвинителниот акт КО бр. 180/2025)

Милка Едровска (67) и нејзината фирма „Венци Проект“ се товарат за „Тешки дела против општата сигурност“.

Обвинителството тврди дека таа:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy