Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нејмар не сака да си оди од ПСЖ, сака да остане до 2027 година!
Спорт

Нејмар не сака да си оди од ПСЖ, сака да остане до 2027 година!

13/03/2023

AA

Најскапиот светски фудбалер Нејмар, кој во летото 2017 година дојде за 222 милиони евра од Барселона, нема намера да си замине од Пари Сен Жермен и сака да остане до крајот на својот актуелен договор до 2027 година.

Англиски Њукасл во последниот период се споменуваше како можна дестинација за Нејмар за сума од 50-на милиони евра, зашто ПСЖ сака да го откачи Бразилецот, ама најскапиот светски фудбалер кој има плата од околу 40 милиони евра нема намера да си замине од Париз.

Оваа информација ја објави еден од најпознатите англиски новинари, Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, посочувајќи дека Нејмар е цврст во ставот да игра уште четири години и потоа да замине во пензија откако ќе му заврши договорот со парижаните.

Бразилецот во моментов е во процес на рехабилитација откако му беше извршена операција на лигаментите на скочниот зглоб, па за него е завршена сезоната.

Европски медиуми најавуваа после елиминацијата на ПСЖ во осминафиналето во ЛШ од Баерн Минхен, дека триото Нејмар-Меси-Мбапе ќе се растури летово, но Меси веќе преговара за нов договор, а Мбапе има важечки договор до идното лето со опција за уште една сезона.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy