
Нејмар и Барселона се договорија – платата „само“ 13 милиони евра
Иако трансферот сѐ уште е (пре)далеку од реализација, еден од клучните делови за да се случи е договорената соработка за три години на Барса и Нејмар и тоа две годишен договор плус една година како опција за плата од „само“ 13 милиони евра или трипати помалку од тоа што Нејмар го заработуваше во Пари Сен Жермен.
Сепак за да се реализира трансферот, Барса и ПСЖ треба да најдат заеднички јазик, а Каталонците се надеваат дека парижаните и Нејмар спогодбено ќе го раскинат договорот и Бразилецот ќе дојде како слободен играч, иако има и опција да дојде на заем, а потоа Барса на рати да го откупи договорот.
Нејмар во ПСЖ замина за 222 милиони евра во летото 2017 година.