
Не излегувајте: Црвен метео аларм низ цела Македонија
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издадоа црвен метео аларм за територијата на цела Македонија, поради екстремно високи температури кои ќе надминат 40°C во повеќе региони.
Граѓаните се повикуваат на максимална претпазливост, да не се изложуваат на сонце, особено во периодот од 10 до 17 часот, и да се придржуваат до препораките за заштита од топлотен бран.
Особена опасност има за повозрасните лица, децата, хронично болните и оние што работат на отворено.
УХМР предупредува дека температурниот бран ќе продолжи и во следните денови, а институциите се подготвуваат за мерки за заштита на јавното здравје.

