
Не издржа! Малиот Кико почина
Малиот Кико од Долни Балван почина откако неговата состојба нагло се влошила кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати.
Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.
Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.