Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Водата од изворот „Еликсир“ кај Кавадарци не е безбедна!
Македонија

НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Водата од изворот „Еликсир“ кај Кавадарци не е безбедна!

01/10/2023

AA

Водата од изворот „Еликсир“ во месноста „Моклиште“ не е за пиење. Имајќи ја во предвид безбедноста на здравјето на граѓаните, од Центарот за управување со кризи за МИА информираа дека Општина Кавадарци итно постапила и поставила табла дека водата од изворот „Еликсир“ во месноста „Моклиште“ не е за пиење.

– Центарот за управување со кризи (ЦУК), по денешната неделна оперативна комуникација со претставници на Регионалниот ЦУК Кавадарци, информира дека е добиена информација, дека Општина Кавадарци веднаш и уредно постапила и поставила табла до изворот во месноста „Моклиште“, познат под името „Еликсир“, дека водата не е за пиење. Ваквата активност, за обележување на загадена вода за пиење, е спроведена од Општината во петокот попладне, согласно укажувањето на Центарот за јавно здравје, а добиената забрана за пиење од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), појаснија од ЦУК.

Тоа е, нагласија, во интерес на здравјето и безбедноста на граѓаните од земјава и од странство, коишто често ја посетуваат месноста „Моклиште“, што е позната како дел од прекрасната природа околу градот Кавадарци.

Инаку, кој првпат, кој вторпат, кој по којзнае кој пат. Голем број на луѓе полнат вода во шишиња и туби од природната вода која се наоѓа во месноста Моклиште кавадаречко. Доаѓаат и од други места. Некои пешачат, други доаѓаат со возила. Водата ја нарекуваат „еликсир”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy