Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ Е УГЛЕДНО ЧЛЕНКА НА НАТО ДА ФОРМИРА ТЕХНИЧКА ВЛАДА ПРЕД ИЗБОРИ Гаши не е за предвремени парламентарни, мандатите треба да се истераат до крај
Македонија

НЕ Е УГЛЕДНО ЧЛЕНКА НА НАТО ДА ФОРМИРА ТЕХНИЧКА ВЛАДА ПРЕД ИЗБОРИ Гаши не е за предвремени парламентарни, мандатите треба да се истераат до крај

12/01/2026

AA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши се согласува дека е потребно да се укине техничката влада, која се формира пред парламентарните избори, а во која како министри и заменици министри учествуваат лица предложени од опозицијата.

На денешниот редовен брифинг со новинарите Гаши го изнесе својот личен став дека на државата повеќе не ѝ е потребна т.н. пржинска влада, која беше воведена во 2016 година, како и дека тоа е неугледно за една земја членка на НАТО.

– Мој личен став е дека техничката влада беше едно ад-хок решение наменето за решавање на тогашната политичка криза. Се смени законот само за таа криза. Како на земја членка на НАТО, со стабилна влада, не е угледно  да формираме техничка влада, дотолку повеќе што гледаме дека во последните изборни циклуси изборите течат непречено, без забелешки. Еве, вчера завршија локалните избори, сите си честитаа, во две општини победија опозициски партии, немаше проблеми на изборите, немаше притисок. Нема зошто и натаму да влегуваме во  такви процеси. Не велам дека сме созреале до степен на скандинавска демократија, ама не сме ниту ризична земја во делот на демократијата и организирањето избори. Сметам дека многу сме напреднале во тој дел – вели Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски во среда ќе одржи лидерска средба со претседателите на парламентарните политички партии, на кои една од темите е измени на Законот за владата, со кои ќе се укине техничката влада.

Претседателот на Собранието Гаши изнесе личен став и за барањата на опозицијата за предвремени избори.

– Јас сум поборник на идејата за редовни избори, за носење закони во редовна постапка. Со предвремени избори креираме политичка и економска нестабилност. Треба да настојуваме да ги завршуваме мандатите до крај и граѓаните на избори да ценат колку власта исполнила од тоа што го ветила со програмата. Вака, на половина мандат власта може да рече дека немала доволно време да ги реализира ветувањата. Јас сум за редовни избори, но, за тоа одлучува мнозинство од 61 пратеник. Политичката волја на пратениците е таа што одлучува кога би оделе на избори – вели Гаши.

Синоќа, по победата на дополнителните локални избори на кандидатите на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција во општините Гостивар и Врапчиште, претседателот на едното крило од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, рече дека очекува предвремени парламентарни избори во мај или во октомври.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy