Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ Е САМО СКОПЈЕ: Голем интерес за градење и во полошкиот регион, според градежниците ова е добар знак
Економија

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: Голем интерес за градење и во полошкиот регион, според градежниците ова е добар знак

25/01/2024

AA

Почнуваат ли и
останатите градови од Македонија да растат со слично темпо како и главниот
град. Стануваат ли примамливи за градежните инвеститори, или сепак Скопје
останува и понатаму „медот“.
Последното соопштение на Државниот завод за
статистика за издадени одобренија за градба покажа дека во ноември 2023 година
биле издадени 318 одобренија за градење, што е за 10,2 отсто помалку во однос
на истиот месец од претходната година.

Сепак, и покрај
помалиот број на издаени одобренија, нивната вредност достигнува 11.726.317
илјади денари, што е за 31,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од
претходната година
. Ова јасно укажува дека ќе се градат поскапи објекти. Притоа
најголем број одоберенија се за високоградба други 171, потоа следуваат реконстуркциите
со 77 одобренија и нискоградбите со 70 издадени одобренија.  

Со овие
одобренија предвидена е изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од
55.047 метри квадратни
. Она што може да се забележи од деталите на нивната
анализа е податокот дека најголем дел од одбренијата за градење се издадени за
главниот град и за Гостивар.

Па така од вкупно
318 одобренија за градење најгмногу се изададени за скопскиот регион, вкупно
64, по што следува полошки со 60 одобренија, па вардарски 48
одобренија. Зад
нив е југоситочен со 39, па југозападен регион со 38 одобренија за градење, па
следува пелагониски со 18 и на крај е североисточен регион со 10 одобренија.

Во Скопје
најголем број градби ќе има во Гази баба и Центар, па следуваат Сопиште и
Аеродром. Додека во  полошкиот регион
најмногу одобренија се издадени за градби во Гостивар и Желино
, по што
следуваат Јегуновце, Брвеница и Врапчиште.

Ова покажува дека
има нови трендови и нов интерес за градење во региони кои досега не беа толку
атрактивни.

Дека има промени
во интересот на граѓаните потврдуваат и градежниците и посочуваат дека ваквите
измени се позитивни, и време е да се создадат исти услови и за дугите градови
во Македонија.

– 
Растот
на бројот на одобренија за градење за обејктите кои имаат станбено деловна
намена и кои се градат во регионот Тетово – Гостивар е позитивен тренд од
причина што крајно време беше да се обезбедат услови и ресурси за градба и во
другите градови на Македонија освен во Скопје.
Со ова ќе се намали притисокот
во главниот град, нема да се трошат сите ресурси во Скопје и ќе се намали
издавањето на жителства во главниот град. Дополнително, градењето на нови
објекти во Тетово, Гостивар, Битола, Струмица, Штип, Куманово и други градови
во државата е многу добро од причина што така се придонесува за рамномерен
регионален развој на сите 6 региони во Македонија. Исто така се обезбедуваат и
работни места за тие граѓани, се води помирен живот, помалку гужви во сообраќајот
и други предности. Државата треба да води политика на рамномерен регионален
развој, поддршка на земјоделството со што ќе придонесе се повеќе граѓаните од
внатрешноста да живеат таму каде што се, а тоа се гледа од градбата на нови станбени
објекти
– објаснува градежникот Никола Велковски.

Велковски за
Фактор истакнува дека треба да се води сметка и добра контрола врз изработените
ДУП-ови од причина што урбанистите многу се наклонети кон инвеститорите и
сопствениците на земјиштето и не ги почитуваат правилниците за просторно и
урбанистичко планирање и Законот за градба.

– 
Во
секоја катастарска парцела се предвидува маркица иако можеби не ги задоволува условите
од Правилникот. Многу густи градби со малку зеленило, осончување, незадоволителен
број на реални паркинг места. Генерален мој став е дека добро е што се гради и
во другите градови и дури пожелено е и да се стимулира тој тренд. Се е тоа во
интерес на задржување и вработување на нашите граѓани таму и да не се врши
притисок врз Скопје и иселување надвор од државата – потенцира Велковски.

П.О.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy