Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ Е САМО РЕПУБЛИКА СРПСКА: Дали и гласачи од Црна Гора гласале во Србија?
Регион

НЕ Е САМО РЕПУБЛИКА СРПСКА: Дали и гласачи од Црна Гора гласале во Србија?

27/12/2023

AA

Во Србија со денови има протести со барање да се повтори гласањето затоа што гласачи од Република Српска гласале во Србија, но не е само тоа. Постојат сомнежи дека и лица од Црна Гора гласале во Србија. 

Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и во Белград, каде опозицијата ги оспорува резултатите од изборите, пишува црногорскиот весник Побједа.

Весникот пишува дека дури по изборите што се организираа во Србија на 17 декември станува јасен молкот на српското Министерство за внатрешни работи на повеќето прашања што ги испрати црногорската полиција за двојните гласачи, бидејќи тие луѓе очигледно се користат за изборен инженеринг и во Црна Гора и во Србија.

Високиот функционер на СНС, Владимир Ѓукановиќ потврди дека дека неговата партија организирало доведувала гласачи од Белград на локалните избори во Црна Гора. Тој гостувајќи на Танјуг потврдно одговори на прашањето дали тие доведувале избирачи на локалните избори во Црна Гора, но и во босанскиот ентитет Република Српска.

„Се разбира дека доведувавме луѓе во Никшиќ и…во Република Српска, за секој оној што има право да гласа“, изјави Ѓукановиќ прашан за тоа дали тоа бил методот што го истренирале во Црна Гора, а потоа го примениле и на изборите во Белград.

Проценките на црногорскиот Центар за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) се дека двојни гласачи само во Србија има помеѓу 50.000 и 80.000 гласачи. Оваа организација прва го откри постоењето на двојните гласачи на локалните избори што се одржаа во Црна Гора пред две години во Херцег Нови и Никшиќ.

Црногорскиот весник Побједа пишува дека Министерството за внатрешни работи на оваа земја располага со конкретни докази за постоење на најмалку 3.500 двојно запишани гласачи, но колегите од Србија не одговориле позитивно на барањата за проверка на тие лица.

Идентично како и Србија, Босна и Херцеговина повикувајќи се на заштитата на личните податоци, одбиле да соработуваат со Црна Гора кога е во прашање овој проблем, повикувајќи се на упатство од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Инаку, српските власти тврдат дека странски служби се вмешани во протестите. Истото го тврди и Русија. 

фото С.Илиќ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy