
НЕ Е САМО ГЕРМАНИЈА: И Русија бара работници
Освен што европските земји бараат работници, сега и Русија има потреба од кадар.
На државата годинава ѝ недостасувале 4,8 милиони работници, а проблемот ќе продолжи и во текот на идната година, изјавиле експерти од Економскиот институт на Руската академија за науки за весникот „Известија“.
Гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина, во ноември кажа дека економијата страда поради кризата на пазарот на труд, што го загрозува растот особено поради пренасочување на пари за „воената операција“ во Украина.
Mногу народ избега од мобилизацијата, 300.000 луѓе се регрутирани, но проблем е и лошата демографија.
Татјана Захарова од Универзитетот за економија „Плеханов“ вели дека проблемот ќе продолжи и низ целата 2024 година, при што најмногу ќе се бараат фабрички работници, инженери, лекари и наставници, покрај возачите и продавачите. Сепак, за разлика од западните земји, Русија има многу пониски плати.
foto freepik.com/EyeEm