Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не е работа на Историската комисија да дава видување за идентитетот на Гоце Делчев, смета Ѓоргиев
Македонија

Не е работа на Историската комисија да дава видување за идентитетот на Гоце Делчев, смета Ѓоргиев

04/04/2023

AA

Во македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев, ниту пак има сериозни дискусии околу тоа прашање, изјави копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев.

– Ние веќе рековме дека оваа Комисија, не е Комисија која што треба да го реши идентитетот на Гоце Делчев. Апсолутно не е работа на Комисијата во својот текст да истакне некакво свое видување за идентитетот на Гоце Делчев. И тоа нема ниту да се случи, бидејќи ако ние го славиме Гоце Делчев, тогаш славењето на таа личност треба да биде на други основи и на други вредности, а не дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, изјави вечерва Ѓоргиев во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма.

Ѓоргиев изјави дека Комисијата нема листа на историски личности за кои би предложила заедничко чествување, но информира дека од членовите на нашиот тим било предложено да се организира заедничко чествување на Холокаустот, но не наишле на подготвеноста за нешто такво од страна на бугарските историчари.

Тој нагласи дека на последните заседанија на Комисијата главна преокупација биле учебниците и членовите на ова тело сакаат да ги надминат забелешките за средниот век за да можеме да продолжат понатаму со работата.

Според него, интересот на јавноста за работата на Комисијата опадна во последно време, поради што и по последната средба одржана минатиот четврток и петок во Скопје не излегле со соопштение.

– Соопштение немаше, не затоа што ние не сакавме да дадеме, но навистина немаше интерес ниту од медиумите, ниту од јавноста, изјави академик Ѓоргиев.

Тој истакна дека и за самите членови на Комисијата е подобро да работат во една помирна атмосфера, без преголем фокус на јавноста врз нивното работење.

– Не само оваа, туку и претходните средби во Софија и во Скопје, минаа со многу мал интерес на јавноста. Не е толку до немањето желба кај Комисијата да нема општење со јавноста, повеќе јавноста и медиумите не се интересираат за работата на комисијата и очигледно имаат други теми кои се погорливи од нашата работа, заклучи Ѓоргиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy