
„Не е пронајден запис“ – зошто оваа порака ја добиваат граѓаните кои проверуваат на МВР?
Голем број на граѓани кои вчера се провериле на онлајн алатката на МВР, добиле порака дека нивната патна испрата е готова и може да биде подигната. Истите тие граѓани при денешна проверка, добиваат порака „Не е пронајден запис“. Зошто?
Од Министерството за внатрешни работи за Телма велат дека системот дава информации само за граѓаните кои се фотографирале од први јануари годинава.
„Со впишување на ЕМБГ може да се провери дали патната исправа е во процес на изработка или истата е подготвена за издавање. Ова засега важи само за лицата кои се фотографирале за патна исправа во МТВ и „Пролет“. Во иднина ќе се прошири и за сите пунктови, како и за личните карти. МВР презема мерки и активности за граѓаните да можат и електронски да закажат фотографирање“, порачаа од МВР.
Досега, граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да дознаат дали пасошот им е изготвен. Тоа придонесе за метеж пред шалтерите и бројни реакции во јавноста.
Тоа што граѓаните не можат да го направат во моментов, е онлајн да закажат фотографирање за лични документи, а телефонските линии се постојано пребукирани.
Адресата е https://termin.mvr.gov.mk/document_status

