
Не чекаат уште пеколно жешки денови: Температурите ќе достигнат 42 степени!
Граѓаните на Македонија ги очекува вистински топлотен бран, со температури кои во наредните денови ќе достигнат и до 42 степени Целзиусови.
Според 14-дневната прогноза, од денес (7 август) па сè до 20 август, речиси секој ден не очекуваат високи температури над 35°C, со малку облачност и ретки врнежи.
Најтопол ден се очекува да биде вторник, 19 август, кога максималната температура ќе достигне 42°C, а само еден ден подоцна – на 20 август – повторно ќе имаме екстремни 41°C.
Најсвежи утра се предвидуваат на 10 август (недела) со минимални 19°C, додека највисоките утрински температури ќе бидат околу 23°C.
Помеѓу 14 и 16 август е можно краткотрајно раздвижување на атмосферата – на 14 август се очекуваат врнежи со грмежи, но температурите нема значајно да опаднат.
Здравствените власти веќе апелираат до граѓаните да се воздржат од изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да избегнуваат физички активности на отворено.
Македонија влегува во најжешкиот дел од летото – граѓаните се повикуваат на внимателност и следење на препораките за заштита од високи температури.