Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Неџат Курт назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија
Економија

Неџат Курт назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија

02/05/2023

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Неџат Курт за нов Генерален директор, од 1-ви мај 2023 година. Метин Батак ја напушта позицијата на Генерален директор и ќе биде назначен за член на Извршниот одбор на компанијата ТАВ Тунис, која што управува со аеродромите Енфида Хамамет и Монастир.

„За време на мојот мандат во ТАВ Македонија, заедно со целиот менаџерски тим, постигнавме огромен успех со тројно зголемување на бројот на патници на двата македонски аеродрома, во периодот од 2010 до 2019 година. Со појавувањето на кризата со Ковид-19, требаше да се справиме со некои од најголемите предизвици во воздухопловството што негативно се одразија врз двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Заедно со нашиот исклучителен тим на вработени, моите колеги менаџери, како и во тесна соработка со нашите засегнати страни, го водевме закрепнувањето на македонскиот патнички авиосообраќај што почна во 2022 година. И покрај сите пречки во авиосообраќајот, нашиот персонал и натаму обезбедуваше одлично патничко искуство, па затоа и ја добивме ASQ-наградата за квалитет на аеродромските услуги за скопскиот аеродром за 2022 и 2021 година. Уверен сум дека закрепнувањето на патничкиот сообраќај на аеродромите во Скопје и Охрид ќе продолжи и тоа ќе придонесе за економскиот развој на земјата“, изјави Метин Батак.

„Би сакал да изразам благодарност до мојот колега Метин Батак за неговиот ценет придонес во раководењето во изминативе години. И двајцата работиме на македонскиот пазар уште од самото влегување на ТАВ, а на највисоките менаџерски позиции дојдовме пред пандемијата со ковид-19. Така, заеднички ги водевме скопскиот и охридскиот аеродром среде најголемата „бура“ за воздухопловството – кризата со Ковид-19. Тесно соработувавме и се справивме со секој предизвик, вложувајќи ги нашите најдобри напори за закрепнување на патничкиот сообраќај, одржувајќи ја мотивацијата на вработените на високо ниво за да го одржиме нашиот бизнис-модел. Сега, додека се движиме по позитивниот бран на пораст на патничкиот сообраќај, моите колеги и јас ќе вложиме максимални напори за да продолжи овој тренд, особено сега по пост-пандемскиот период на промени. Како никогаш досега, фокусирани сме да продолжиме да го поддржуваме, подобруваме и да даваме приоритет на искуството на патниците од нашите двата аеродрома додека гледаме во иднината и ги дефинираме нашите цели коишто сакаме да ги постигнеме. И натаму ќе ги развиваме аеродромите во Скопје и Охрид, претворајќи ги во центри на Балканот. Со нашите лични долгогодишни искуства во управувањето со аеродромите и знаењата и вештините на меѓународно ниво на нашата матична компанија – ТАВ Аеродроми, ќе ги следиме светските авијациски трендови, ќе водиме нови проекти и ќе продолжиме да им служиме на нашите клиенти на најдобар можен начин“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.   

Неџат Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија. Во 2008 година беше назначен од страна на ТАВ Аеродроми како еден од менаџерите кои го водеа  проектот за концесија во Македонија. Тој работеше на скопскиот аеродром 2 години, а во 2010 година беше назначен за менаџер на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.  

По 2 години, во 2012 година беше назначен за менаџер на скопскиот аеродром и управуваше со целокупните аеродромски операции во македонскиот главен град.  
Во 2014 година, ТАВ Аеродроми го назначи Курт за Координатор за транзиција на меѓународниот аеродром Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, Саудиска Арабија. Таму тој ја организираше транзицијата од стар во нов аеродромски терминал. Меѓународниот аеродром Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, Саудиска Арабија е првиот приватизиран аеродром во Саудиска Арабија. Во 2016 година, Курт беше назначен за Координатор за ORAT односно Координатор за оперативна подготвеност и аеродромски трансфер во терминал и во јавна зона на аеродромот во Загреб во Хрватска. Тој работеше заедно со француската Групација АДП (ADP Group), за да обезбеди успешна транзиција и работа на аеродромот, додека не заврши изградбата на новата терминална зграда на аеродромот во Загреб и новиот терминал беше пуштен во функција во 2017 година. Во август 2017 година, Курт беше назначен за Координатор за аеродромски операции на 3 аеродроми кои се преземени под концесија од Кралството Саудиска Арабија од страна на ТАВ Аеродроми, по што следи улогата на Претседател на Комитетот одговорен за аеродромска дигитализација на аеродромот во Медина во 2018 година.

Кон крајот на 2018 година, Курт се врати во Македонија, како Координатор за аеродромски операции, одговорен за целокупното оперативно работење на аеродромите во Скопје и Охрид. Во првиот квартал од 2019 година, Курт беше назначен за Заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија. Неџат Курт е Турчин по потекло кој е роден и израснал во Германија. По завршувањето на средното образование, тој го продолжил своето високо образование на студиите за туризам и хотелски менаџмент на Универзитетот Текирдаг во Турција. Дипломирал политички науки и дипломатија на Американскиот универзитет на Европа во Скопје. Моментално, Курт посетува МБА студии по авијациски менаџмент на Универзитет Дунав во Кремс, Австрија. Тој е дипломиран професионалец за управување со аеродроми и е носител на титулата Професионалец за аеродромски операции (IAP – Airport Operations Professional) одобрена од ICAO – Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и од ACI – Меѓународниот совет на аеродроми.

Покрај турскиот, како негов мајчин јазик, Курт течно зборува англиски и германски јазик.

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ги заврши првите четири месеци од 2023 година, јануари – април, со 753.377 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 44 отсто во однос на истиот период во 2022 година, a 8 отсто во однос на 2019 година која се смета за реферетна. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 6.010, со годишен пораст од 35 отсто и 4 отсто во однос на 2019 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy