Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нејасно соопштение од МВР и ОЈО: Што е убиство од користољубие ?
Македонија

Нејасно соопштение од МВР и ОЈО: Што е убиство од користољубие ?

04/12/2023

AA

Денеска целата јавност во Македонија беше вознемирена по веста дека се пронајдени безживотните тела 14-годишната Вања, и на 74-годишниот Панче.

Во соопштението на МВР и ОЈО се вели двете убиства е извршени од истите лица а мотивот е „користољубие“, но во продолжение нема никакви информации за какво користољубие станува збор, односно каква корист имале убијците од 14-годишна ученичка која тргнала во училиште.

Според членот 123 од Кривичниот законик, став 2, прецизирани се повеќе свирепи убиства за кои минимална е десет години, додека пак максимална казна е доживотен затвор, пишува Телма.

Телевизијата вели дека иако не се наведени карактеристики во Кривичниот закон, сепак професорот Методија Каневчев во својот научен труд дава примери за ваков облик на убиство.

„Убиство од користољубие – Квалификаторна околност кај овој облик на тешко убиство е алчноста, користољубието на сторителот, кое се дефинира како безобзирен, егоистички стремеж по секоја цена (па дури и преку убиство) да се дојде до имотна или друга материјална корист. Притоа, имотната корист може да биде наменета не само за сторителот лично, туку и за некој друг (на пример: убиство на снаата, за куќата да му припадне на синот).

Исто така, материјалната корист може да се состои не само во зголемување на имотот на сторителот, туку и во спречување тој да се намали (на пример: убиство на поранешната сопруга, за да престане обврската за плаќање издршка; убиство на доверителот заради ослободување од обврската за враќање на долгот).

За постоење на делово не е нужно да дојде до реализација на користољубивата намера на сторителот (на пример: по убиството на близок сродник за да се дојде до неговото наследство, се испоставило дека жртвата немала никаков имот).

Спорно е дали остварената материјална корист треба да биде противправна. Доминантен став во теоријата е дека не мора, па така, за овој облик на убиство ќе се работи и во случајот кога доверителот го убил должникот за да си го наплати долгот од неговите пари“, наведува Каневчев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy