
НБА ѕвезда среде скандал: Абортирај и ќе ти платам 100.000 долари!
Станува збор за старлетата Пејџ Џорди, која јавно објави преписка со кошаркарот, тврдејќи дека ја убедувал да абортира. Едвардс во пораките вели дека не е подготвен за улогата на родител и бара од поранешната партнерка да абортира. Таа, пак, истакнала дека не сака, бидејќи се каела кога тоа го направила во минатото, по што тој ѝ ветил финансиска помош.
– Ќе ти испратам пари за да ти помогнам – напишал Едвардс.
– Не барав од тебе, но ок. Не сакаш дете и затоа го кажуваш сето ова?
– Не сакам деца, ајде да го решиме како возрасни.
Во нејзината следна објава, Пејџ објави принт-скрин со кој потврдува дека сè уште не и биле исплатени 100.000 долари. Тоа што дополнително ја разбеснила старлетата е веста дека и сегашната девојка на Едвардс е бремена.