
Назад во Франција по точно 10 години – Обамејанг е нов играч на Марсеј!
Не само што веруваат во неговиот квалитет, туку му дадоа и договор за три сезони, без разлика што тој има 34 години. Ова е, практично, враќање на Обамејанг во француското првенство од каде што настапуваше до 2013 година, пред да замине во Борусија Дортмунд, од Сент Етјен, за 13 милиони евра.
Претходно, Сент Етјен го купи од Милан за 1,8 милиони евра, откако не се наигра во италијанскиот клуб, па постојано беше позајмуван во Франција, во Дижон, Монако, Лил.
Славата почна да ја гради во Борусија Дортмунд, каде што освои еден Куп и два пехара во Супер купот на Германија, а во 2016/17 беше најдобар стрелец во Бундеслигата. Откако замина во Арсенал и таму доби признание за прв стрелец, во 2018/19, а следната сезона го крена трофејот во ФА-купот.
Си замина во лоши односи со „Топџиите“, во Барселона, но по само една полусезона замина во Челси. Откако не ја добиваше минутажата којашто ја посакува, летово напушти како слободен фудбалер и го одбра Марсеј.
