
НАВРНАА ДВА МЕТРИ СНЕГ: Ова место го нарекуваат „Малиот Сибир“
Екстремен студ и дебела снежна покривка има во Романија. Вчера во Инторсура Бузулуи се измерени минус 31 степен, пренесува Digi24. Областа ја нарекуваат „Малиот Сибир“ поради екстремно ниските температури што ги имаат секоја година. На 8 јануари 2015 година се измерени минус 34,6 степени Целзиусови, а на 10 јануари 2017 година минус 32 Целзиусови степени.
Вчерашниот ден беше вториот најстуден ден во државата од почетокот на зимата. Минус 18 степени покажаа термометрите во Сибиу, минус 13 во планината Фагураш и регионот на езерото Балија. Таму има наталожено најмногу снег – 237 сантиметри. Можно е да има лавини.
Снегот претходно парализираше делови од Хрватска и Србија. Во делови од Србија имаше до еден метар снег. Годинава и во САД имаше невидени снежни врнежи и многу студено време.