
Навивачите на МЗТ го запалија „Кале“, а Аеродром допрва ќе гори (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Сино-белите сега имаат 11 трофеи, еден повеќе од вечниот ривал, со што се искачија на врвот од вечната листа победници во ова натпреварување. Тоа беше причина да почне палењето пиротехника уште на пет минути до крајот на мечот, кога веќе беше сигурно кој ќе победи на крајот.
„Кале“ гореше вечерва, а за очекување е ноќеска тоа да се случи ширум Аеродром, со оглед што ривалитетот со Работнички е нешто што најмногу се цени кај навивачите на „металците“.