
Навивачите на Милан немилосрдни – летаа банкноти со ликот на Донарума (ВИДЕО)
Долго време го чекаа на гости и го дочекаа вечерва, како голман на ПСЖ, во четвртото коло од Лигата на шампионите. Претходните денови беше најавено дека се изработени банкноти со ликот со ликот на Донарума, а најавата се оствари пред мечот меѓу Милан и ПСЖ.
Од трибината каде што се наоѓаат најжестокитe навивачи на Милан летнаа илјадници книжни пари на теренот на кои, меѓу другото, пишуваше „платеник“. Банкнотите имаа „вредност“ 71 што не е случајно одбрано бидејќи тој број има значење на човек без вредност.