
Навивачи на Марибор со експлозивни направи повредија петорица противнички играчи (ВИДЕО)
Виновници беа навивачите на составот што беше во водство, кои фрлиле експлозивни направи кон фудбалерите на Мура при што повредиле петорица од нив. Инцидентот се случи додека тие се загревале крај аут-линијата.
Натпреварот нема да биде продолжен, а се очекува остра реакција на предводниците на словенечкиот фудбал.