Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Навали војско, порција по НАТО стандарди за само 5 евра! Кој ќе спреми 1,2 милиони војнички оброци за 6 милиони евра?
Економија

Навали војско, порција по НАТО стандарди за само 5 евра! Кој ќе спреми 1,2 милиони војнички оброци за 6 милиони евра?

13/03/2024

AA

Македонската војска ќе се храни за 5 евра оброк и при тоа ќе добие супа, главно јадење со салата и десерт. На цената може да позавидиме затоа што во ресторан таа понуда за тие пари е мислена именка. Но математиката е друга кога се сервисираат 1,26 милиони оброци во една година. А за да се постигне тоа и да се задоволат бараните стандарди треба знаење, умеење и логистика. Очигледно е дека „Далма Фоод“ во острата конкуренција на кетеринг гиганти дала понуда што не се одбива. Затоа што понудила листа на која има дури 36 вида на главно јадење, 12 вида салати, 9 различни супи и и исто толку десерти!

Министерството за одбрана ќе плати 6 милиони евра за 1,26 милиони оброци односно ручеци за потребите на војската и на вработени во Министерството за одбрана. Тендерот го доби познатата фирма за кетеринг „Далма Фоод и кетеринг сервис“ која во конкуренција на три компании од оваа дејност дала најдобра понуда која ги задоволува НАТО стандардите за прехрана на нашата армија.

„Далма Фоод“ треба да подготви 1,26 милиони оброци односно ручеци кои содржат супа, главно јадење со месо, салата и десерт. За секој ручек односно војнички оброк Министерството за одбрана ќе плати 5 евра со вклучен ДДВ ќе плати 4,8 евра односно 290 денари.

Според договорот е предвидено „Далма Фоод“ во работен ден да е во можност да прими и да испорача нарачка на до 6.000 оброци, а во викенд денови да испорача до 1.000 оброци.

При тоа „Далма Фоод“ има обрвска да обезбеди садови, прибор за јадење, хартија за бришење и да го достави или да го послужи секој оброк за нашата војска и за вработени во Министерството за одбрана. При тоа храната ќе се доставува на повеќе од 20 локации ширум земјава кои се наведени на листата достапна во договорот за јавна набавка и придружната документација достапна на овој линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/150e5b54-ff48-4e78-a54b-8a77ddd4a638

Од увидот во понудата на „Далма Фоод“ се гледа разновидна исхрана за потребите на војската која декларативно ги исполнува нутирциските пропишани стандарди. Секако меѓу понудените оброци е и незаборавното војничко гравче кое го памти секој читател што служел на својата држава независно дали тоа била АРМ или поранешната ЈНА.

„Далма Фоод и кетеринг сервис“ е основана 2010 година и е правен субјект со средна големина. Регистрирана е за кетеринг услуги односно за доставување храна и пијалоци. Основана е со влог од 5.000 евра. Според најновите податоци кои се однесуваат на работењето во 2022 година ова друштво вработувало 142 лица, а приходите од работењето изнесувале 3,26 милиони евра. Добивката за таа година изнесува 27.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy