Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАВАЛИ НАРОДЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА, СЕ ПРОДАВААТ КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО – нови аукции за запленети предмети
Економија

НАВАЛИ НАРОДЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА, СЕ ПРОДАВААТ КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО – нови аукции за запленети предмети

28/02/2023

AA

Се продаваа запленети дуќани,
автобус, кварцен камен, а сега на ред дојдоа и хаварисани возила. Дури 154 на
број, но не се продаваат како автомобили, туку како старо железо. Затоа и право
на учество на аукцијата ќе имаат оние што работат со отпад и за тоа ги имаат
потребните лиценци.  

Агенцијата за управување со
одземен имот вчера објави оглас за продажба
на одземени подвижни предмети – хаварисани
возила со третман на отпаден материјал, по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за возила кои се правосилно
одземени во кривична и прекршочна постапка во корист на државата, a од Агенцијата нагласуваат дека тука има од се по нешто,
од патнички
и товарни моторни возила, па се
до мотоцикли,
запрежни коли и приколки.  

Заинтересираните ќе мора да дадат депозит од 6.000 евра, а ако победат на
јавното наддавање, ќе мора да приложат банкарска гаранција од 10 илјади евра,
за да го склучат договорот.

Проценката на
вредноста на возилата ја направило
Министерството за правда,
односно
Бирото
за судски вештачења
. Од Агенцијата во огласот велат дека точната количина во килограми на старо
железо ќе се утврди на денот на мерењето и
ќе се документира со кантарски белешки, по што ќе се врши фактурирање со
точните количини. За сите возила заедно почетната цена
е 12 денари за килограм без ДДВ. Депозитот
за учество на електронското јавно наддавање
е 355.920 денариили
близу 6.000 евра.

Купувачот
е должен во рок од 15 дена од заклучувањето на
постапката да склучи Договор за продажба, по што ќе може да го преземе железото.

Јавното наддавање ќе се
одржи преку системот за
електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот, и тоа на 17 март. Право на учество имаат сите
заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите од Огласот и кои
поседуваат Дозвола за собирање, третман или преработка на отпад, како и Лиценца за вршење на јавен превоз во
внатрешниот патен сообраќај, за
сопствени потреби.Право
на учество немаат осудените лица или лицата против кои се водела кривичната или
прекршочната постапка, вработените во Агенцијата, како и друго лице кое службено учествувало во
постапката за продажба.

Краен рок во кој оние кои сакаат да учествуваат треба да ги поднесат
пријавите е до 13 март,
заклучно до 15 часот.

Продажбата на хаварисаните возила ќе оди за сите возила во пакет, вкупно 154, кои се сместени на повеќе локации и тоа
депоата на Агенцијата во Скопје,
односно депо
Миладиновци, Касарна Ѓорче Петров ЕБР, ЈЦС Караорман Скопје, ЈЦС Бард логистик
Скопје, Царинска испостава Блаце, Царинска испостава Богородица, ЈП Национални
шуми ПШС Сандански Македонски Брод, МВР ПС Дебар, МВР ПС Струмица, и МВР РЦ ГР ЈУГ Кавадарци. Разгледувањето на возилата ќе биде во првите три дена од март, на различни
термини и локации.

Продажбата се врши по пат на
електронско јавно наддавање по принципот видено-понудено-купено. Јавното
наддавање ќе се одржи само ако
учествуваат најмалку двајца понудувачи. На понудувачите чија понуда не е
прифатена, депозитот им се враќа веднаш. За најповолен понудувач ќе се смета
учесникот кој последен ја наддал почетната цена и која е највисока цена за килограм старо железо без
ДДВ, и со него Агенцијата
склучува Договор за продажба.

Услов
за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување
гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 600.000 денари
или
близу 10 илјади евра.
Се
прифаќа банкарска гаранција во писмена форма или гаранција во уплатени парични
средства. Доставата на гаранцијата или уплатата на пари
те се прави непосредно пред потпишување на Договорот
за продажба.

Фактор претходно пишуваше за другите огласи кои ги спроведе Агенцијата за управување со одземен имот. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy