
Наутро со појава на слаба магла, преку ден сончево време
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.