Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Науката потврди: Таткото кој пие алкохол непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштети на бебето
Магазин

Науката потврди: Таткото кој пие алкохол непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштети на бебето

17/11/2023

AA

Навиките за пиење алкохол кај таткото непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштетат на бебето, посочува ново научно истражување на Универзитетот „А енд М“ во Тексас.

Имено, американските научници откриле дека обилното пиење алкохол во месеците пред зачнувањето може да влијае на очите, главата, устата и вилицата на бебето. Причината за тоа е можниот синдром наречен нарушување на феталниот алкохолен спектар (ФАСД), што влијае на растот на бебето во матката. Претходни истражувања покажаа и дека кај мајките пиењето алкохол може да доведе до пократок и закривен нос кај децата, и потврдија дека тие појави се поврзуваат и со лошите навики на пиење кај татковците.

Авторот на новите испитувања, професорот Мајкл Голдинг, развоен физиолог во „А енд М“, вели:

– Во случаите кога таткото конзумирал алкохол, видовме длабока промена во лицето на бебето. Хроничната изложеност на мажите на алкохол (дефинирана како консумирање повеќе од пет пијалаци во четири часа) може да предизвика основни дефекти на ФАСД.

Кај децата на мажите кои пиеле, има поголема веројатност да се родат со помали очи, „сплескано“ лице, помала уста и помала или деформирана вилица. Натаму, друга одлика е што ушите на малечкото понекогаш се поставени пониско во споредба со бебињата чии татковци не пиеле многу, а тоа го оштетува и мозокот. Имено, се јавува и поголема можност од микрокефалија (неразвиеност на главата и мозокот), како и помала родилна тежина. А, сѐ тоа, како веројатност се влошува колку што машкиот родител консумира повеќе алкохол, велат научниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy