Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС
Македонија

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

10/05/2025

AA

Проф. д-р Светлана Мојсов ја добива највисоката академска чест од УАКС
Македонска гордост: Американ со највисока почесна титула за проф. д-р
Светлана Мојсов.

Професорката со светско влијание, добива признание дома – УАКС ја прогласува
проф. д-р Мојсов за почесен професор.

Признание за знаење што менува животи – проф. д-р Мојсов ја добива
највисоката чест од УАКС.

Во рамки на свечениот настан по повод 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ
Колеџ Скопје најави повеќе настани со кои ќе се одбележи 20 годишнината од
постоењето на Универзитетот.

„На моја особена чест и задоволство би сакала да најавам дека по повод 20 години
постоење, Универзитет Американ Колеџ ќе ја додели титулата Profesor Honoris Causa
на проф. д-р Светлана Мојсов, која е светски призната биохемичарка, професорка на
Рокфелер Универзитетот и член на Американската академија на науки, а која стои зад
револуционерното откритие за лекување дијабет” – истакна проф. д-р Венера Крлиу на
настанот.

Како што посочи таа, со оваа почесна титула за проф. Светлана Мојсов, УАКС не само
што оддава признание за нејзината исклучителна академска кариера, туку и на
студентите на Американ им дава пример за интегритет, извонредност и за тоа како
знаењето може да се стави во служба на човештвото.

Проф. д-р Мојсов важи за една од највлијателните научнички со македонско потекло,
со кариера која ја одбележува академска извонредност и интегритет и длабока
посветеност на човековото здравје. Свечената церемонија на доделување ќе се одржи
во текот на јубилејната година, како дел од иницијативата на УАКС да го одбележи
своето наследство на извонредност преку истакнување на личности кои го
претставуваат врвот на знаењето и хуманоста.

Во рамки на прославата, УАКС исто така ќе организира едукативен форум посветен на
иднината на образованието во Македонија, на кој ќе земат учество голем број
домашни и странски професори и високи претставници на институциите во земјата.
Како што беше истакнато на настанот, со оглед на планираните гости и теми се
очекува едукативниот форум да биде точка на пресврт од која ќе произлезат многу
нови идеи важни за образованието во земјата.

„Секогаш сме биле предводници на новите идеи, така ќе биде и понатаму! Сите
активности кои се планираат за јубилејот, пред сѐ ќе ги посветиме на нашите
достигнувања, но воедно ќе го држиме погледот напред, кон нови успеси. Достигнувања, имавме навистина многу. Успеси, нѐ очекуваат уште повеќе.“ –
посочи проф. д-р Венера Крлиу.

На настанот проректорката Крлиу воедно ги информираше присутните дека од денес е
активна и новата модерна и интерактивна веб-страница која е прилагодена на потребите на студентите и пошироката јавност, а е резултат на посветеноста на
дигиталната трансформација, дел од визија за иднината на УАКС.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy