
НАТПРЕВАР ВО ИЗЛЕЖУВАЊЕ ВО ЦРНА ГОРА: Се пријавиле луѓе од регионот, Руси и Украинци
Натпревар во излежување се одржува во Црна Гора, каде 17 учесници се борат за награда од 1.000 евра.
Во етно – селото Монтенегро-Брезна, меѓу Никшиќ и Плужине, се одржува традиционалниот натпревар во излежување. Организаторот на натпреварот и сопственик на етно-селото, Миќо Благојевиќ изјави дека годинава се пријавиле 21 кандидат.
„Тројца се откажаа на првиот ден, еден вчера. Има луѓе од регионот, од Хрватска, Босна и Херцеговина, како и Руси и Украинци“, вели Благојевиќ.
Тој верува дека годинава ќе биде соборен рекордот од 117 часа излежување што беше поставен пред минатата година.
„Гледам дека се упорни. Не бараат ништо, имаат оброци, им носиме да пијат и да јадат, издржаа четири-пет часа вчера на дождот. До четврток е најавено добро време, па мислам дека можат уште долго да лежат мирни“, изјави Благојевиќ.
Една од учесничките рече дека распоредот започнал во петокот, 18 август, во 10:00 часот, дека натпреварот бил многу забавен и дека тимот е одличен.
Лани победи Жарко Пејановиќ, познат како „Кнеле“ од Забјела, кој одмораше скоро 60 часа и потоа рече дека не се ни „загреал“ и дека не му било тешко да победи.
