Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАТО, САД И ЕУ ОСТАНУВААТ ТРИТЕ СТОЛБА НА НАШАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА Целта ни е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија
Македонија

НАТО, САД И ЕУ ОСТАНУВААТ ТРИТЕ СТОЛБА НА НАШАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА Целта ни е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија

22/01/2026

AA

„Може да се менуваат администрациите и стиловите, но интересите – безбедносни, технолошки, трговски и енергетски – остануваат. Наша обврска е да бидеме држава што знае што сака, држава на која може да ѝ се верува и држава што е дел од решението, а не од проблемот – вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за Локално.мк од Давос, каде учествува на Светскиот економски форум.

Во интервју Муцунски говори за актуелните геополитички случувања, односите со Соединетите Американски Држави и со Европската Унија, улогата на Америка на Балканот и во Европа, темелите на македонската надворешна политика и позиционирањето на државата во рамки на „новиот светски поредок”.

Тој порачува дека државата не се движи по инерција, ниту се води од „модни” геополитички трендови.

„Ние сме прогресивни во амбицијата. Сакаме да бидеме модерна европска држава со силни институции и силна економија”, вели министерот Муцунски, додавајќи дека во време кога многу лидери во Давос зборуваат за „рушење на стариот светски поредок”, за нас најважно е да останеме внимателни и со јасен компас.

Министерот се осврнува и на политичките односи со САД и Европската Унија, нагласувајќи дека Европа е нашата природна економска, политичка и институционална дестинација, а САД клучен безбедносен и политички столб за стабилноста на континентот.

„Нашата надворешна политика се темели на три постулати: целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, кредибилно и активно членство во НАТО, и стратешко партнерство со САД. Тоа не е ‘или-или’ или ‘и-и’, туку прашање на принципи, а не на следење на моменталните ветрови”, нагласува Муцунски.

Тој додава дека кога се поставува дилемата „ЕУ–САД или Исток”, одговорот е јасен: „Ние припаѓаме на Западот – по вредности, по безбедносна архитектура и по стратешки интереси. Сè друго може да биде економска релација, во рамки на правилата на меѓународното право, но не и геополитичка ориентација”.

„Вистината е едноставна: без американско присуство и лидерство во НАТО, европската безбедност би била послаба; без европска интеграција, нашиот регион би бил поранлив. Ние работиме да бидеме најдобар сојузник во НАТО и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ, затоа што овие две определби се комплементарни”, истакнува министерот.

Одговарајќи на прашањето какви односи треба да градиме во иднина, Муцунски вели дека поуката за нас е да бидеме зрели: „Со големите сили не се гради однос на слепа послушност, туку на јасно дефинирани интереси, меѓусебна почит и договори што носат резултати”.

„Стратешкото партнерство со САД не значи климање со глава, туку значи придонес, јасно изразување согласување или несогласување и барање фер третман, затоа што си коректен и предвидлив сојузник”, додава тој, нагласувајќи дека токму на такви принципи се темелат односите со администрацијата на претседателот Трамп – односи од кои произлегуваат конкретни и видливи резултати, и од кои во иднина се очекува дополнително продлабочување на соработката меѓу двете држави.

Говорејќи за актуелниот светски поредок и позицијата на државата во него, министерот Муцунски е дециден дека нашата безбедност денес е неспоредливо посилна, затоа што сме земја членка на НАТО.

„Тоа е клучната разлика меѓу денес и пред 20 години. Ние сме дел од колективен безбедносен систем, имаме сојузници и располагаме со конкретни механизми. Во исто време, тоа не значи дека треба да бидеме наивни – затоа ја зајакнуваме одбраната, институциите, отпорноста на хибридни закани, како и енергетската и дигиталната безбедност”, додава тој.

На крајот од интервјуто, министерот Муцунски заклучува дека стратешката цел останува јасна – модерна европска држава со силни институции и економија.

„Во време на глобални турбуленции, најголема вредност е кредибилитетот. Ние ќе го градиме токму таму каде што припаѓаме – во европското семејство, во НАТО и преку силно, стабилно и принципиелно партнерство со САД”, заклучува Муцунски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy