Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАСТЕЛ“ ПРОДАВА, ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВЕН ОДБОР КУПУВААТ – сопственички промени во „Реплек“, еве кој ги зајакнува позициите
Економија

„НАСТЕЛ“ ПРОДАВА, ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВЕН ОДБОР КУПУВААТ – сопственички промени во „Реплек“, еве кој ги зајакнува позициите

04/12/2024

AA

Сопствениците и членовите на органите на управување на „Реплек“ купуваат акции од компанијата со која раководат, а оттаму акции продолжува да продава еден од некогаш најдоминантните акционери, компанијата „Настел“ на бизнисменоит Зоран Азманов. 
Преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата, компанијата извести дека акции од „Реплек“ купиле едни од најголемите сопственици, браќата Душан и Владимир Пецовски, како и тројца членови на Управниот одбор. 
Односно, Душан Пецовски, кој воедно е уи претседател на Управниот одбор и генерален директор на компанијата, се стекнал со 5 нови акции, со што поседува вкупно 31.615 или 12,20 отсто од вкупниот број на акции. Додека, пак, Владимир Пецовски се стекнал со 4 нови акции, со што поседува вкупно 16.444 или 6,34 проценти од капиталот на компанијата. Или двајцата заедно сега имаат 18,54 отсто од вкупниот акциопнерски капитал на компанијата.

Членот на Управниот одбор, Коста Котески купил 10 нови акции, при што вкупно поседува 360 обични акции, додека, пак, Панче Галевски, исто така член на УО, се стекнал со 5 нови акции, и сега има 305 обични акции, а уште еден нивни колега, членот на УО Марјан Велковски, купил 10 нови акции и сега има 40 обични акции како свое акционерско портфолио. 

А, како што извести компанијата преку Берзата, акционерот „Настел ДООЕЛ“ во овој меѓупериод продал 97 акции, по што сега поседува вкупно 21.498 или 8,29 отсто од вкупниот број на акции.

Покрај овие акционери со над 5 проценти од капиталот, според најновата состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, други позначајни акционери се Сава Пензиски фонд, кои располагаат со 6,4 отсто од капиталот, потоа компанијата Ситко Антонио има 6,37 отсто, а лабораторијата Биотек располага со 6,3 отсто од акционерскиот капитал.

Самата компанија Реплек, пак, држи 8,14 отсто од капиталот во форма на сопствени акции.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy