
Наставниците на протест против спојување на предметите
Просветните работници повторно го кренаа гласот и излегоа на улица.
Незадоволни се од најавите за спојување на повеќе наставни предмети што би предизвикало губење на работни места, а за револтот да биде поголем се жалат и за ниските плати.
На овој начин како што велат од Независниот синдикат за образование гласот го креваат оти сметаат дека им се нарушени работничките права, а достоинството и интегритетот им се погазени.