Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наскоро позната цената за изградбата на новите автопати во Македонија
Економија

Наскоро позната цената за изградбата на новите автопати во Македонија

07/03/2023

AA

Владата денеска ќе го разгледа Извештајот на консултантот ИРД Инженеринг што беше ангажиран за преговорите со американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој треба да ги гради автопатите коридорите 8 и 10 Д во земјава.

Ова го најави вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за економија Крешник Бектеши на официјалните фејсбук профили.

ИРД инженеринг во претходните три недели заедно со членови од Владата во заедничка комисија преговараа со градежниот оператор за формирање на цената која ќе биде потребна за да се изградат новите автопатски делници. 

-Голем ден не очекува денес во Управниот комитет, а подоцна и во Владата каде ќе го разгледаме извештајот на нашиот консултант околу преговорите со конзорциумот Бехтел-Енка за изградба на Коридорот 8 и 10 Д, како и предлог-договорот за усвојување и потпишување. Дојде долгоочекуваниот ден, стои во објавата од Груби.

Тоа значи дека наскоро треба да биде позната сумата за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д. Следна фаза треба да биде потпишување договор за изведба на работи на автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( 27  километри)  и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy